ЕУ: Шест земји отстранети од ковид-листата на безбедни земји, меѓу нив и Македонија

Членките на ЕУ денеска се согласија да ги отстранат САД од ковид-листата на безбедни земји, што значи дека патниците од САД и пет други држави ќе подлежат на построги гранични контроли, како што се тестови на коронавирус и карантин.

Израел, Косово, Либан, Црна Гора и Македонија, исто така, се отстранети од листата на безбедни земји поради зголемениот број на заразени случаи со Ковид-19.

Целта е да се усогласат правилата за патување во ЕУ, иако не се обврзуваат членките кои слободно ја спроведуваат својата гранична политика.

Некои земји, како што се Германија и Белгија, веќе ги означија САД со црвено и бараат тестови на коронавирус и карантин, додека Франција и Холандија ги сметаат САД за безбедна земја.

Списокот се базира на епидемиолошката состојба во секоја земја, но реципроцитетот е исто така еден од факторите.

Просечниот дневен број на нови инфекции во САД се зголеми на 450 на милион жители наспроти помалку од 40 кон средината на јуни. Податоците за Израел, Косово и Црна Гора се уште полоши.

На европската „бела листа" сега има 17 држави, вклучувајќи ги Канада, Јапонија и Нов Зеланд.

Земјите-членки на ЕУ, исто така, се советуваат постепено да ги укинат ограничувањата за патување за кинеските специјални административни области Хонг Конг и Макао.

ЕУ се уште им дозволува на повеќето вакцинирани патници да влегуваат, иако периодично може да се воведат тестови и карантин, во зависност од тоа во која земја на Унијата се патува.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе