За девојчето до Даунов синдром родителите на децата поднеле петиција за Ембла да не учи во исто одделение со другите деца, туку да биде одвоена поради тоа што, како што наведуваат, била агресивна.
„Поради тоа што Ембла пречи за време на наставата и поради тоа што е агресивна, сите родители донесовме одлука да ја бојкотираме наставата“, се вели во петицијата.
За разлика од другите деца, ова девојче кое се соочува со дискриминација училишната година ја почна еден ден по сите останати деца, бидејќи не и беше дозволено да оди на училиште.
Зијадин Нуредини, директор на ОУ „Башкими" изјави дека се договориле со родителите на Ембла, таа „да циркулира и да ротира во три паралелки" во текот на наставниот процес.
Ембла ја посетиле и претставници на Центарот за деца со посебни потреби „Хандимак", а директорот Адем Идризи вели дека Ембла никогаш не била агресивна.
„На средбата што ја имавме со родителите на Ембла, со институциите што се адекватни за ова тема, тие зазедоа став и се договоривме Ембла да не остане сама во една училница", рече директорот.
„Денес е прв училишен ден за ќерка ми, вчера не беше поради условите. Во првата пологудина учеше во тешки услови во сала. Но, денес воспитната асистентка ми рече да ја донесам на час со другите деца", вели Илир Адеми, родител на Ембла.
Таткото на Ембла, кој за случајот објави на социјалните мрежи, негира дека со директорот на училиштето се договориле нивната ќерка да ротира во три паралелки.
„Воопшто не е вистина. Тоа беше компромис пред три-четири години, за потоа да се интегрира со другите соученици. Учеше во голема сала, а се грееше со мал радијатор. Значи, не се помиривме, но во првото полугодие се случи ова и за тоа девојче вчера не започна второто, бидејќи мислев дека ќе продолжи да оди на настава во сала", додаде Адеми.