Екологистите од регионот бараат постепено укинување на употребата на јагленот

На крајот од КОП26, лидерите од Западен Балкан мора целосно да се посветат на нивните меѓународни обврски за ублажување на климатската криза, предупредуваат експертите за животна средина. Регионалните лидери треба да ги спроведат своите политички ветувања и да се посветат на силна зелена агенда за Западен Балкан, порачуваат еколошките активисти од регионот.

Фото: Пиксабеј

Деструктивните ефекти на климатските промени, заедно со целото присутно токсично загадување на воздухот, се почувствувани низ целиот регион, а луѓето ја сносат цената на неефективните и бавни владини активности. Пораката е јасна - сите влади мора да постават фиксни и амбициозни временски рамки за постепено укинување на употребата на јаглен. Силните национални политики, со акциски планови, се столбот на обезбедувањето праведна енергетска транзиција, истовремено спречувајќи ги климатските промени и нивните влијанија“, велат екологистите во соопштението до јавноста.

Минатата недела повеќе од 40 земји ширум светот се обврзаа постепено да ја укинат употребата на јаглен како дел од клучните преговори за COP26. Од Западен Балкан, само Македонија е на оваа листа, и покрај повеќекратните политички обврски преземени од сите регионални лидери за ограничување на емисиите. Она што е итно потребно е јасна политичка амбиција и акција за да се постигне долгорочната заложба за декарбонизација до 2050 година. Еколошките организации од целиот регион ги повикуваат сите земји да постават амбициозни цели за исфрлање на јагленот до 2030 година, што вклучува создавање храбри национални планови за енергија и клима како прашање на итност.

За земјите од Западен Балкан како земји во развој, постепеното исфрлање на јагленот во блиска иднина не може да биде поважно. Сепак, шест години по Парискиот договор, плановите за намалување на стакленички гасови (национални придонеси кон клима) се или слаби или сè уште се во фаза на изработка. Дополнително, процесот за усвојување на истите не е ниту инклузивен, ниту транспарентен, нема многу социјални и еколошки аспекти и го прави проблематично нивното идно спроведување.

„Иако постојат различни нивоа на дејствување што се применуваат низ Западен Балкан, дури и најнапредните нации треба да ги зголемат своите напори. Иако Северна Македонија е наречена регионален лидер за поставување на едни од најамбициозните цели за климата и енергијата, сепак нема јасен план како да ги постигне“, се додава во соопштението.

Од другата страна на спектарот, Босна и Херцеговина и Србија сè уште планираат да отворат нови електрани на јаглен, Костолац, Колубара Б, Угљевиќ 3 и Тузла 37 соодветно. Во меѓувреме, Косово, и покрај тоа што сè уште не е дел од ОН, е членка на Договорот за енергетска заедница и затоа е обврзано да покаже длабока посветеност на целите за постепено укинување на јагленот.

„По неколку недели преговори за КОП26, едно прашање постигна консензус - научните докази се јасни и светот треба да го ограничи порастот на глобалните температури на 1,5°C со цел да се забават климатските промени, првенствено со намалување на употребата на фосилни горива. Досега, регионалните напори беа слаби и заостануваат во секој поглед. Нашите земји не можат да си го дозволат ова одложување бидејќи товарот ќе биде уште поголем по здравјето на  луѓето и ќе ги зголеми трошоците за последиците од деструктивните влијанија на климатските промени. Ковид-19 кризата или каква било внатрешна политичка ситуација не може да се користи како изговор за одложување на поставувањето реални цели и јасни акциски планови за постепено напуштање на јагленот во оваа деценија, притоа обезбедувајќи праведна транзиција. Ги повикуваме сите регионални влади да ги почитуваат своите политички ветувања, да покажат одговорност и вистинска посветеност како лидери на нивните поединечни нации и да го постават регионот на патот на Зелената агенда за Западен Балкан“, пишува во порката на екологистите на која се потпишани Centre for Environment, Босна и Херцеговина, Еко-свест, Македонија, Green Home and Eco-team, Црна Гора, RERI and BOŠ, Србија и CAN Европа.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе