Екоцентар 97: Од Охис се изнесени отпадни 4,2 тон иницијатори и 5,3 тони разни отпадни хемикалии

Од Охис се изнесени последните отпадни 4,2 тони иницијатори и 5,3 тони отпадни хемикалии, со што Екоцентар 97 Дооел Скопје го реализирал договорот за „Проект за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД Охис Скопје“ и успешно го заврши проектот кој беше прв од ваков тип на територијата на РС Македонија.

„Со упорноста, истрајноста и знаењето Екоцентар 97 ДООЕЛ Скопје ја потврди својата мисија дека е компанија која што активно учествува во заштитата на животната средина ги следи светските трендови, воведува континуирана обука и надградување на знаењето на вработените и имплементирање на нови, иновативни практики“, велат од Екоцентар 97.

Оттаму информираат дека на 19 февруари 2021 година во присуство на претставници од Државниот инспекторат за животна средина, безбедно се извршил утовар на нето количина 4,2 тони иницијатори и 5,3 тони отпадни хемикалии со поминат, односно отпадни киселини, алкохоли и растворувачи. Отпадните хемикалии биле транспортирани со специјално АДР возило и за време на транспортот се вршел континуиран мониторинг на температурата во возилото.

„Транспортот се одвиваше без никакви проблеми низ Србија, Унгарија, Австрија, Германија и на 24.02.2021 година пристигна во инсенераторот во близина на Лион, Франција. По уредно завршената царинска постапка, се изврши прием на отпадните опасни хемикалии и нивен истовар. Согласно распоредот на согорувачот во идниот период очекуваме потврда за уништување на отпадните иницијатори и останатите отпадни хемикалии“, додаваат од Екоцентар 97.

 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе