Според документите објавени од руското Министерство за одбрана и предадени на националниот Музеј на победата, Хитлер сакал да го префрли Сталин во Берлин.
Германците планирале веќе во август 1941 година целосно да ја завршат војната на Источниот фронт и во септември да извршат инвазија на Британија.
Според објавените документи на руското Министерство, советските шпиони дознале за планот за напад на СССР, попознат како „План Барбароса“, 11 дена по неговото утврдување.
Овие податоци ги соопшти Игор Костјуков, началникот на Главната разузнавачка управа на рускиот Генералштаб, а ги пренесоа руските медиуми.
Во Русија вчера се одбележа Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, по повод кој се одржа традиционалната воена парада.