Еко-свест ја поздрави одлуката за заштитата на реките на Шар Планина, треба да следува одлука и за Маврово

Центарoт за истражување и информирање за животната средина Еко-свест ја поддржува одлуката на Министерството за животна средина и просторно планирање (MЖСПП) за одземање на концесиите на малите хидроцентрали на територијата на Националниот парк Шар Планина.

Според нив, Владата донесе многу важна и условно речено „револуционерна одлука“ за раскинување на седум концесии за мали хидроцентрали во нововоспоставениот Национален парк Шар Планина.

„Со ваквиот чекор, Владата овозможи да се заштитат важни локации за водниот и крајбрежен биодиверзитет на Шар Планина. Ваквата одлука на Владата покажува дека повеќе нема простор да се игнорираат научните сознанија за огромното негативно влијание на малите хидроцентрали врз заштитените подрачја. Сепак, ова е само прв чекор. И во НП Маврово има издадени концесии кои мора да се раскинат што побрзо, за да се овозможи одржливо и интегрирано управување со паркот“, изјави Ѓорѓи Митревски од Еко-свест.

„Ова може да биде и пресвртница во нашиот пристап на заштитата на природата, a пред се на реките. Во нашето законодавство, но и преку ратификуваните меѓународни конвенции, имаме силни механизми кои доколку правилно се применат може да ни помогнат низ целата земја да имаме чисти и здрави реки. Тие може да бидат заштитени од различни причини - поради нивното значење за локалните заедници, значењето за заштита на биодиверзитетот или поради уникатноста на пределот што го создале низ милениумите“, потенцира извршната директорка на Еко-свест Ана Чоловиќ Лешоска.

Од Еко-свест го повикуваат Министерството за животна средина и просторно планирање да донесе одлука за одземање и на концесиите на малите хидроцентрали во НП Маврово.

„Малите хидроцентрали прават непоправливи штети по реките и екосистемите и не смеат да се градат во заштитените подрачја. Реките без препреки се еден од најважните елементи за здравјето на екосистемите. Националните паркови и заштитените подрачја се клучни за заштита и зачувување на биолошката разновидност, а имаат и непроценлива улога во одржување и подобрување на квалитетот на водата што ја пиеме, заштита на подземните води и подобрување на квалитетот на воздухот“, соопшти Еко-свест.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе