Еко-свест: Дрвото можеби грее најевтино, но е тивок убиец

Поради намалената економска моќ дури три четвртини од населението во земјава се грее или готви на дрва. Во руралните средини дури 95 проценти од населението користи дрва. Ова го нотира Светска банка во еден од извештаите за зелен раст на државата со поента дека растечкиот тренд на употреба на огревното дрво е меѓу причините загадувањето на воздухот во Македонија да е едно од најголемите во Европа.

„Изминативе години токму поради ниската економска моќ на граѓаните тие користат дрва како најевтина и најдобра алтернатива за греење на домовите кои исто така не се енергетски ефикасни и со секој друг енергенс нивното загревање би чинело многу пари. Токму емисиите на јаглерод диоксид и на цврстите честички, кои, меѓу другото, се продукт и на навиките за греење на домовите, ја рангираат нашата држава на петто место во Европа според смртноста од загаден воздух“, констатираат аналитичарите на Светска банка.

Се проценува дека цврстите честички во воздухот се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно, но и за илјадници изгубени работни денови, што, пак, претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно, еднакво на 3,2% од БДП, велат од Еко-Свест.

Прераната смртност се појавува од кардиопулмонарни заболувања и рак на белите дробови. Во 2011 година нивото на загадување од цврсти честички беше примарно одговорно за 485 нови случаи на хроничен бронхитис, 770 болнички приеми и 15.200 итни посети. Со намалување на ПМ10 и ПМ2,5 до европските гранични вредности ќе се избегнат повеќе од 800 смртни случаи и многубројни изгубени работни денови, со што ќе се реализира заштеда во здравствени трошоци од 151 милиони евра годишно, стои во извештајот на Светска банка.

Еко-свест работи на забрзување на енергетската транзиција заради ублажување на климатските промени преку проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија” финансиски подржан од CEE Bankwatch Network, како и во рамките на проектот „Да зборуваме за климатските промени”, спроведуван од Еко-свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, финансиран од Европска Унија.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе