Едукативна акција во Велес, возилата да се заменат со возење на велосипед и пешачење

Претставници на Општина Велес, во соработка со Здруженијата на граѓани „Велес Бајкинг", ЕД „Грин пауер" и ЕД „Вила зора", со поддршка на СВР Велес, на три локации во градот, денеска делеа налепници за возачите на автомобили.

Како што информираат од општината, целта на настанот беше да се поттикнат граѓаните да ги остават автомобилите и да го поминат Денот на пролетта – 21 март, во пешачење, рекреација и користење на велосипедот како превозно средство.

Случајни минувачи, исто така, беа анкетирани и го дадоа своето мислење за подобрување на сообраќајот во градот, како и за можноста за определување на локации наменети за пешачки и велосипедски патеки.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе