Увидот е во тек, а сообраќајот отежнат и со гужва

Возило се преврте во тешка сообраќајка кај „Сити мол“, две лица во болница (ФОТО)

Во тешка сообраќајка кај „Сити мол“ во Скопје повредени се две лица. Според фотографиите од местото на несреќата, еден автомобил е превртен. Од МВР велат дека работи за судир помеѓу две возила и дека увидот на полицијата е во тек. 

„Сообраќајката се случила околу 12 часот на булеварот „Партизански одреди“ кај „Сити мол“ во Скопје. Се судриле две возила и повредени се две лица кои се префрлени во болница“, велат од МВР. 

Од таму додаваат дека повеќе податоци околу причините за сообраќајката, идентитетот, возраста и карактерот на повредите на лицата кои се болница ќе се знае по завршување на увидот. 

Поради сообраќајката движењето на возилата пред „Сити мол“ е отежнато и има гужва. 

К.Д.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе