„Драги наши жени, како што веќе знаете, самохраните мајки и еднородителските семејства беа најпогодените од кризата со вирусот и самата пандемија. Затоа, во текот на 16 дена женски активизам, „Една може“ ја организира акцијата за да им помогне на овие семејства, но со најголема цел: вмрежување на жените и посветла иднина. Подготвивме неколку форми кои може да ги пополните:
Доколку ви треба било каква помош со производи или услуги, пријавете се на следниов линк.
Доколку можете да помогнете на било кој начин со производи или услуги, пријавете се на следниов линк.
Доколку сте компанија која сака да помогне со своите производи или услуги или пак со финансиски средства пријавете се на следниов линк.
Од организацијата иззпраќаат порака „Ти не си сама“.