Жените имаат свои права

„Една може“ со поддршка за жртвите во „Јавна соба“: Не се плаши, не си сама

Организација „Една може" која се залага за правата на жената како и правата на самохраните мајки и еднородителските семејства, целосно ја даде својата поддршката на жртвите од „Јавна соба" и смета дека дека жртвите никогаш не се виновни за делата од страна на сторителите. Отворени се телефонски броеви за пријавување на сајбер криминал и насилство, и освен во полиција на 192, сите оние кои се жртви на насилство можат да пријават на 070/141-700, 075/141-700 I 078/141-700.

Од таму порачуваат жртвите да не се плашат и да пријават бидејќи имаат свои права.

„Како што може да забележиме изминативе денови ,се повеќе е актуелен случајот "Јавна соба",кој се прошири на социјалните медиуми и крена голема прашина,околу навредувањата и омаложувањата пред се поврзани со женското тело,како и лепење етикети без никаква основа за истите."Јавна соба" е дијагноза на нашето живеење.Како што знаеме самата група постои веќе подолго време,во истата се појавуваат фотографии и лични податоци од девојки,меѓу кои има и малолетни лица. Сметаме дека навредите поврзани за телото на жената, исмевања и слично,оставаат длабока трага врз личноста.Со самото ова се руши сликата за себе,се разнишува сигурноста и самодовербата на личноста ,што може да влијае врз понатомошното фунционирање на самата личност во различни сфери во животот", велат од „Една може".

Од организацијата додаваат дека живееме во едно модерно време, каде што се повеќе се губат човечките морални вредности, почитувања на луѓето помеѓу себе, каде што се се' сведува кој како има, кој како е облечен и слично, време во кое се прави сè и сешто.

„Секој може да каже сè што му лежи на душа, без притоа да не одговара за последиците од изнесените навреди, дискредитација, уништен нечиј углед. Денес посебен акцент би ставилe и на жената како битие во општеството,нејзините права уживања,можности и слично", додаваат од „Една може".

Денес од Основното јавно обвинителство во Скопје соопштија дека се приведени креаторот и администраторот на групата „Јавна соба“ во која се злоупотребуваа фотографии и податоци од жени и девојки и се ширеа лажни информации дека нудат сексуални услуги. 

Од ОЈО бараат притвор за овие две лица. 

„Надлежниот јавен обвинител денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајцата осомничени за кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија по член 193-а став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од 19.12.2019 година до 28.01.2020 година, двајцата осомничени, како основач и модератор на групата, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.

Бидејќи постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител за двајцата осомничени на возраст од 32 и 21 година, до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор", пишува во соопштението од Обвинителството.

Со транспаренти „Додека жените не се слободни сите сме заробени", „Држава што угнетува е држава што силува", „Јавна соба е кривично дело", „Ти не си виновна", „Полицајците треба да не штитат, а не да бидат дел од Јавна соба" пред два дена во Скопје се одржа протестен марш за поддршка на жртвите од групата „Јавна соба". Со гласна порака „Разбуди се ОЈО" учесничките на протестниот марш му порачаа на Обвинителството дека не треба да спие, туку треба да си ја врши својата работа.

К.Д.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе