Еден од повредените работници во несреќата во„Макстил“ задржан на КАРИЛ

Еден од четворицата повредени работници во несреќата што се случи изутрина во фабриката „Макстил" во Скопје е згрижен на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ и е во стабилна состојба, а другите тројца се пуштени на домашно лекување. Од истекување течен метал во челичаната избувнал пожар, кој е изгаснат, а на терен постапува Државниот трудов инспекторат, информираа надлежните институции.

„Во СВР Скопје во 07:53 часот е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза" се донесени Н.Н.(45), Е.В.(27), С.С.(48), сите од Скопје и Б.М.(35) од скопско, кои се здобиле со повреди на работно место, во „Макстил“. Од четворицата повредени, еден е потешко повреден и е згрижен на КАРИЛ, а другите тројца се пуштени на домашно лекување, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Во гаснењето на пожарот интервенирале 12 пожарникари од Единицата за противпожарна заштита на град Скопје.

„Во седум часот е примена дојава  од Макстил за истекување течен метал од челичаната. Интервенирано е со четири возила  и 12 пожарникари. Интервенцијата заврши во 8: 40 часот“, изјави за командантот на Единицата за противпожарна заштита на град Скопје Владимир Симоновски.

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе