Еден од повредените полицајци во вчерашната сообраќајка им подлегна на повредите

Полицаецот С.Б. кој беше потешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај скопската обиколница им подлегнал на повредите во Ургентниот центар, потврдуваат од МВР. Вториот повреден полицаец е вон животна опасност.

Според информации од МВР, во несреќата во која учествувале патничко и полициско возило и камион, на самото место загина совозачот во „бмв"-то, а меѓу повредените е и возачот.

Несреќата, како што наведуваат од МВР, се случила во моментот кога полицаец, кој вршел редовна контрола на брзината на движење на возилата, го запрел автомобилот „бмв". Во тој момент камион „ман" удрил во „бмв"-то, по што тоа удрило во полициското возило „шкода јети" и се запалило.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје вчера изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе