среда, 24 април 2024
Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа

Половина Скопје утре неколку часа без струја

Без струја утре од 8:30 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата Максим Горки и реонот Дом на градежници во општина Центар.

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот од 9:00 до 14:00 часот утре без струја ќе останат поголемиот дел од потрошувачите на улица Ринхини во општина Ѓорче Петров, а од 9:00 до 10:30 часот дел од корисниците од селата Визбегово, Мирковци, Бразда, Глуво, Чардак, Оризари.

Без електрична енергија од 9:00 до 15:00 часот утре ќе бидат корисниците од улица Кавалска во општина Кисела Вода, а од 9:00 до 12:00 часот корисниците на патот за Долно Лисиче, од Кодакопласт, кон Паци Петрол до реката, од црлвата Св.Петар и Павле по патот кон Долно Лисиче во општина Аеродром.

Без струја утре од 9:00 до 10:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улица 4.031 во село Марино, општина Илинден, а од 9:00 до 13:00 часот корисниците од булевар Борис Трајковски, од Техноскоп до кружниот тек пред Драчево.

Во периодот од 10:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Сандево, Бањане, Горњане, дел од Мирковци, а од 13:00 до 15:00 часот дел од корисниците лоцирани на улиците Исаија Мажовски и Воин Драшкоци во општина Ѓорче Петров.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа на Град Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ