МНР

Еден од македонските државјани на бродот во Јапонија заболен од коронавирусот

Кај еден од македонските државјани кои се наоѓаат на бродот „Дајамонд Принцес“ во Јокохама, Јапонија, потврдено е присуство на коронавирусот и е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија, информира македонското Министерство за надворешни работи.

„Амбасадата на Република Северна Македонија во Токио е во комуникација со споменатиот македонски државјанин. Воедно, амбасадата на дневна основа комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои сѐ уште се наоѓаат на бродот во Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот“, пишува во соопштението од МНР.

Министерството за здравство на Јапонија продолжува со спроведување на тестови за присуство на коронавирусот кај лицата кои се наоѓаат во карантин на бродот. При вршење на анализите предност имаат лица со симптоми кои укажуваат на присуство на вирусот, лица над 75 годишна возраст и лица со хронични заболувања.

Македонското МНР, преку амбасадата во Токио, редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во Јапонија и остварува комуникација со надлежните јапонски органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на корона вирусот.

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе