Еден ден по поставувањето, демолирана новата табла на „Воинот на коњ“

Новата табла која вчера беше поставена на централниот споменик на скопскиот плоштад, „Воин на коњ, на која пишуваше дека Александар Велики припаѓа на античката хеленска историја и на светското културно наследство, не издржа ниту еден ден.

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа дека таблата што беше ставена на споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот „Македонија“ како дел од обврската од договорот од Преспа е падната.

„Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“, стои на  ознаката на споменикот „Воин на коњ“ на централниот плоштад во Скопје.

Не се знае дали плочката, која треба да појаснува дека споменикот е дел од хеленската култура е насилно извадена или самата се одлепила.

Вчера почна поставувањето ознаки на спомениците, а се отстранува и Сонцето од Кутлеш од симболите на јавните институции и на јавните простори, но и од јавните објекти и површини, согласно Договорот од Преспа.

Инаку, поставувањето на оваа табла е обврска согласно Преспанскиот договор, кој го потпишаа македонската и грчката влада со цел затворање на спорот за името.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе