ДЗС: Негативен природен прираст и помалку склучени бракови во третиот квартал

Во третото тримесечје од 2022 година, во земјава се евидентирани 4 956 живородени деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените луѓе бележи намалување од скоро 29 отсто во споредба со лани, односно 5 145 лицa, од кои 12 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е 189 луѓе, односно за толку луѓе е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените луѓе.

Во ова тримесечје од годината склучени се 4 614 бракови и нивниот број е намален за 5 отсто во споредба со истиот период од 2021 година.

За третиот квартал од 2022 се добиени 314 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 13 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе