Интервју

Џорџ Цаимос: Опасниот отпад oд ОХИС ќе го извезуваме во Франција

Чистењето на малата депонија во поранешната фабрика ОХИС е при крај. Досега се исчистени 450 тони линдан кои ќе се носат на обработка во Франција. Во разговорот за МКД.мк Џорџ Цаимос од грчката компанија Полиеко, изведувач на активностите во ОХИС, вели дека тие се подготвени, ако бидат избрани, за чистење и на втората многу поголема депонија со линдан во ОХИС.

Имаше ли некои специфики во врска со отстранувањето на линданот од ОХИС во споредба со вашите претходни искуства со санации?

- Проектите за санација што опфаќаат активности за ископување во рамките на депонија на опасен отпад секогаш се предизвик и додека не почне ископувањето, никогаш не сте сигурни дали се отстрануваат вистинските хемикалии. Најголем предизвик во однос на проектот за санација на ОХИС, во споредба со другите локации за санација, е дека ОХИС се наоѓа во станбена зона, па оттука мерките за здравје и безбедност мораа да бидат со највисоки стандарди за да се избегне потенцијално ширење на загадувачите. Ова е постигнато со инсталирање специјализирана еколошка ограда од 25.000 м3, опремена со единици за негативен притисок, кои го минимизираат ослободувањето на емисиите и постојано го филтрираат воздухот, заедно со континуирано следење на квалитетот на воздухот.

Според првичните информации, работата е при крај – транспортот на линданот до пристаништето во Солун треба да почне за 2-3 недели. Како би ја оцениле целата операција?

- Операциите за Лот 1 (првиот проект) се скоро завршени. Во наредниот период ќе се одвиваат активности за транспортирање на отпадот. Опасниот отпад ќе се извезува од Северна Македонија во Франција преку патен превоз од Скопје до пристаништето во Солун, и од пристаништето Фос Сур Мер во Франција до депонијата. Се издаваат специјални извозни дозволи и се добиваат согласности од сите вклучени земји, според правилата кои ги налага Базелската конвенција. Сите транспортни делови се дизајнирани и изведени според АДР и ИМГД-спецификациите и соодветното законодавство.

Колку сте сигурни дека работниците што директно беа вклучени во отстранувањето на линданот беа заштитени и нема да претрпат никакви последици од потенцијално вдишување штетни честички?

- Поставени се соодветни инженерски контроли и стандардни оперативни процедури со цел да се минимизира изложеноста. Целиот вклучен персонал е обучен за процедурите за заштита и безбедноста на здравјето, и користи соодветна лична заштитна опрема (маски, комбинезони, ракавици, итн.) за време на проектните активности.

А почвата што е отстранета заедно со линданот? Каде ќе ја транспортирате? Како ќе се справите со областа каде што почвата беше ископувана - ќе се покрие со земја или ќе има друго решение?

- Контаминираната почва ќе се пакува и ќе се транспортира до објектите лиценцирани од ЕУ за третман. Во однос на малата депонија, по завршувањето на операциите, областа ќе биде покриена со почва според упатствата на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Дали се чувствувате уверени дека би можеле да се справите со големата депонија во ОХИС доколку го добиете тој проект? Дали планирате да аплицирате за ова?

- Двете депонии имаат сличности во однос на видот на загадувачите, но и разлики. Решението за санација применето во малата депонија, што значи ископ, пакување и извоз во соодветни објекти што се лиценцирани за третман на овој вид отпад е докажано решение што може да се примени и на големата депонија. Меѓутоа, поради големината на депонијата и проценетото количество на депониран отпад, финансиските ресурси потребни за ваков проект за санација ќе се зголемат пропорционално. Во моментов се фокусираме на нашиот проект за малата депонија, но секако дека сме тука да помогнеме со нашето искуство и да ги поддржиме еколошките цели за заштита на животната средина на земјата.

A.Д.

 

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе