Џафери: Албанската азбука е голем дар, амнетот да се чува тој дар е уште поголем

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска испрати честитката по повод Денот на албанската азбука – 22 Ноември.

„Почитувани граѓани припадници на албанскиот народ, со особена радост сакам да го честитам празникот 22 Ноември, Денот на албанската азбука, кој е востановен по денот кога се одржал Битолскиот конгрес на кој албанските интелектуалци собрани од сите страни, по девет дневна неуморна работа излегоа со најскапоцениот дар за еден народ – унифицирана Азбука, со која ќе се продолжи да се пишува, чита и шири јазикот, културата, обичаите, посебностите и пишаната и испеана фолклорна традиција, која дотогаш се проследуваше со странски букви на странски јазици. Дарот е голем, меѓутоа аманетот да се чува тој дар е уште поголем“, се вели во честитката.

Џафери апелира до сите претставници на политичкиот дијапазон, до институциите кои се основани за водење грижа за овој дар, до пишаните и електронски медиуми, до административните, просветните работници, со свој пример да придонесат во растот на нови генерации кои ќе го сакаат, ќе го чуваат, почитуваат и говорат стандардниот албански јазик со сета негова убавина, богатство и посебност. 

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе