Отворено писмо

Движење за чист воздух: Друже Јани ти си наше светло на крајот од индустрискиот оџак

Движењето за чист воздух со отворено писмо реагираше на изјавата на заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули дека податоците од „Али експрес“ сензори предизвикувале паника за загадувањето.

Писмото го пренесуваме во целост.

„Али Експрес е фирма ќерка на Али Баба. Бидејќи милувате да ги користите овие две компании, ве молиме во своите изјави, во интерес на граѓаните кои сакаат да дишат чист воздух да ги наведете останатите 40 разбојници на Али Баба кои во континуитет не трујат и се најодговорни за доведувањето на нашите животи во опасност. Како наш придонес, со цел да се разреши проблемот, ние ќе ви помогнеме за иднетификација на првите три разбојници:

1. Цементарница

2. Железара

3. Дрисла

... 40

Се надеваме дека овие три доволно ќе ве инспирираат да ја надополните листата со преостанатите. Доколку се двоумите или немате идеја кои се тие обратете се до нас, ‘Движењето за чист воздух‘ ние ќе ви помогнеме да ги идентификувате и лоцирате како главни помошници на Али Баба.

Друже Јани ти си наше светло на крајот од индустрискиот оџак, ти си бесценет ко концесија за мала хидроцентрала, сјај во очите на генерален директор, борец против ќумбињата, цар на сите стратегии! Кога го слушаме твојот милозвучен говор се потсетуваме кога нашите претци ги водеа овците на испаша. Ти си сон за секоја партија пред избори и ќе ургираме сите пак да те стават како носител на листа.

И те молиме многу поздрави ни ги другарчињата од царина, Дрисла, Те-То, Цементара и ИнспектораТ... со кои заедно сте нашиот дрим тим од сеништата“, пишува во писмото од Движење за чист воздух.

 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе