Министерот за внатрешни за случот

Две лица се приведени за „Јавна соба“, се бараат и другите учесници

Две лица, едно од Битола и едно од Велес се приведени за случајот „Јава соба“, групата на Телеграм во која се објавуваат експлицитни фотографии од девојки, но се крадеа и податоци од профили и се објавуваа со образложение дека овие девојки нудат сексусални услуги. Апели да се стави крај на овие кривични дела и ваквиот начин на злоупотреба на девојките деновиве имаше од сите страни. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил денес објави дека се приведени две лица, а по другите се трага. 

„Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица. Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите“, напиша Спасовски на Фејсбук. 

Групата „Јавна соба “ беше за прв пат обелоденета во јавноста пред точно една година. Пред неколку дена повторно се објави дека се уште постои, но ниту по една година немаше никаква завршница. 

Се чини дека случајот тргна по јавниот говор на неколку девојки за оваа група и по реакциите на Хелсиншкиот комитет, претседателот Пендаровски, како и бурните реакции во јавноста. 

Во овие групи на „Телеграм“ членуваат и по над 6 илјади членови, сите користат прекари, а нивните телефонски броеви не можат да се видат.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе