Двајца туристи од Битола се удавија на плажа во Албанија

Двајца македонски туристи се удавиле во морето кај Спиле, во Албанија. Како што објави „Топ Ченел“, се работи за граѓани на Битола - Р. Дамковски (77 години) и Ц. Митановски (79), кои шест години по ред летувале во истото место.

Албанските медиуми јавуваат дека двајцата биле блиски пријатели кои на албанскиот брег дошле заедно со група од 52 туристи за да уживаат на албанскиот брег. По ручекот, тројца од нив влегле во вода, а само еден успеал да излезе.

„Околу 11:25 часот на плажата Спиле, двајца македонски државјани се удавија. Според првичните сознанија причина се големите бранови и срцев удар. Станува збор за М.М (79) и Ц.М.(78)“, стои во полициското соопштение.

Генералниот секретар на албанската федерација на спасувачи на вода, Гент Ласаку, за „Њуз 24“ изјавил дека двајцата туристи се капеле на јавна плажа и биле дел од туристичка група од Македонија.

„На двајцата туристи им беше направена срцева масажа, но не беше можно тие да се вратат во живот. Набљудувачот интервенирал кога најпрво видел едно од телата. Но, кога влегол понатаму во морето, ги видел двете тела. Причината за давењето е срцев застој. И двајцата се мажи. Изразувам сочувство до нивните семејства“, рече Ласаку.

Инаку, тие стигнале во Албанија на годишен одмор пред четири дена.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе