Пријавените се пуштени на слобода

Малолетничка избегала од дом во Скопје, со воз заминала за Велес, па пријавила тепање и силување од двајца мажи

Петнаесетгодишно девојче пријавило дека била силувана од две лица. Настанот за кој и претходно пишувавме се случил на 18 септември, годинава а според пријавата на малолетничката, двајцата прво физички ја нападнале, па ја силувале. Како што дознаваме, малолетничката престојувала во дом во Скопје, но излегла од таму и со воз заминала за Велес кај роднини. Таму се сретнала со двајцата пријавени кои се полнолетни и за кои, во полициска станица раскажала дека ја тепале, па ја силувале. 

„Според пријавата, на 18 септември во периодот од 22.30 до 23.30 часот на место викано „Дворови" неколу лица физички нападнале и извршиле обљуба врз малолетничка. Малолетничката била од дом во Скопје, а вчера во 18.10 часот во полициската станица Центар било пријавено дека се оддалечила од установата",соопштија официјално од МВР.

Дополнителите анализи кои биле направени врз малолетната девојка ќе треба да утврдат дали навистина се работело за силување или само за напад врз неа. За сега додека се чекаат резултатите, двајцата пријавени се повикани само на разговор во полициска станица.

По ова, поради недоволно докази да бидат задржани и да им биде определен притвор, двајцата се пуштени на слобода.

Кривична пријава за настанот се уште нема, а се собираат докази по добиената пријава. МВР објави дека за случајот е известен јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Малолетната девојка е вратена во домот во Скопје.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе