Дури шест дена по новата година во Берово се роди првото бебе

Четири часа по полноќ, на 6 јануари, во Здравствениот дом во Берово, мајката Јулија Новоселска, на свет го донесе првиот жител на Општина Берово за 2019 година.

„Бебето е родено со тежина од 2 килограми и 550 грама и со должина од 48 сантиметри“, информираат од Здравствен дом Берово.

Родено е шест дена по новата година точно на Бадник, ден пред раѓањето на Исус Христос .

Градоначалникот Пекевски, ги посети бебето и родилката во родилиштето во Берово и додели 6.000,00 денари, од Буџетот на Општина Берово, за првородено дете на територијата на Општина Берово во 2019 година .

,,Им порачувам на младите, оваа година, да биде година, во која ќе ги прошируваат своите смејства. Во традиционалното семејство, децата се најголемо богатство. Зголемувањето на наталитетот е приоритет на локалната заедница, која подржувајќи ги владините политики ги стимулира и помага многудетните семејства.”- истакна Градоначалникот Пекевски.

За новороденчињата кои беа родени во изминатата 2018 година, општината од Буџетот издвоила финансиска поддршка во висина од над 100 илјади денари. Како што најавија од општината оваа поддршка ќе продолжи и во текот на оваа година. 

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе