Државна програма утре во Скопје, Крушево и Пелинце за чествување на 2 Август

Граѓаните на Република Македонија утре ќе го празнуваат 2 Август – Денот на Републиката. Ден со кој на Илинден во 1903 година – со Илинденското востание и Крушевската република, а потоа и на вториот Илинден, во 1944 година со АСНОМ – Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста.

Како што соопштија од владината прес-служба, годинешното одбележување на најголемиот државен празник се совпаѓа со значајните годишнини: 30 години од независноста и 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Одбележувањето на празникот ќе започне со настаните во Скопје, во организација на Собранието на Република Македонија со почеток во 09:00 часот.

Собраниската делегација, која ќе ја предводи претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе положи цвеќе на спомениците на Методија Андонов Ченто, на президиумот на АСНОМ и на Никола Карев. Програмата во Скопје потоа продолжува со обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери и со празнична културно-уметничка програма.

Владината делегација во Скопје ја предводи министерот за здравство Венко Филипче, заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и заменик-министерот за правда Агим Нухиу.

Државната празнична програма продолжува пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце, во чест на Првото заседание на Антифашистичкото Собрание на Народното ослободување на Македонија-АСНОМ со почеток во 09:45 часот. Делегацијата ќе ја предводи претседателот на Влада на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од првиот заменик-претседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Програмските содржини во Пелинце започнуваат со положување на свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар, по што ќе започне првиот дел од пригодната празнична културно-уметничка програма. Потоа следува обраќање на претседателот Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и завршниот дел од културно-уметничката програма.

Државните почести по повод Денот на Републиката во Крушево, во организација на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски започнуваат со панихида во храмот Св.Никола, во 10:20 часот, по што ќе следува полагање цвеќе на гробот на Никола Карев, празнична програма пред споменичниот комплекс Македониум и полагање цвеќе на споменикот на хероите на Слива.

Владината делегација во овој дел од програмата ја сочинуваат министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за локална самоуправа Горан Милески, и заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани.

Централниот дел од државната програма за чествување на 2 Август – Денот на Републиката ќе започне во 18 часот на Мечкин Камен со поздрав на илинденската коњаница проследена со костимирана придружба, поздрав на Армијата на Република Северна Македонија и со полагање на цвеќе и венци на споменикот на Мечкин Камен, по што ќе следува празничната културно-уметничка програма посветена на двата Илиндена.

Владината делегација за централниот дел од настанот ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, придружуван од првиот заменик-претседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Програмата за одбележување на Денот на Републиката и оваа година го опфаќа и традиционалното чествување на Илинден во Смилево во организација на Општина Демир Хисар. Програмските содржини во Смилево почнуваат со положување цвеќе на могилата Даме Груев, споменикот на Смилевските илинденци и спомен плочата на Смилевскиот партизански одред во девет часот, по што следува посета на Меморијалниот музеј и положување цвеќе на споменикот на Даме Груев.

Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија во Смилево ја предводи заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање  Христина Оџаклиеска, наведуваат од Владата. 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе