Решение за овој проблем долго време нема

Драчево и Долно Лисиче вријат од улични кучиња кои напаѓаат и касаат деца, полн со пријави е ѝ полицискиот билтен

Повторно пријави за граѓани каснати од улични кучиња стасаа до МВР од жителите на Долно Лисиче и населба Драчево. Проблемот со улични кучиња на овие места е секојдневни, но никој не презема ништо, освен што се трупаат пријавите во МВР и случаите на каснати деца, но и возрасни. 

Според полицијата вчера во 20 часот во Полициска станица Аеродром Б.К.(30) од Скопје пријавил дека во село Долно Лисиче, скопско неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Пријава вчера во 22 часот стасала и во Полициска станица Драчево од Н.Н.(51) од Скопје кој пријавил дека на улица „Иван Хаџиниколов" бил каснат од куче скитник.

Пакети со мали кученца постојано се фрлаат близу Вардар, кај мостот што ги спојува Долно Лисиче и Гази Баба. Уличните кучиња растат, често се гладни и стануваат агресивни, па напаѓаат жители. Здруженијата за заштита на животни ги земаат, но ако никој не ги вдоми, повторно ги враќаат на улица и за овој проблем со години нема решение. 

Пријави за кучиња скитници кои напаѓаат и каснуваат граѓани има и во Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров... но решение за овој проблем нема. Сите се глуви на апелите на граѓаните да се најде решение за уличните кучиња, како и на случаите кои го полнат билтенот на МВР. 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе