УХМР

Дождовите ги полнат реките, водостоите се уште се под просекот за април

Водостоите на речиси сите реки во земјава се зголемуваат по последните врнежи од дожд и се повисоки од вчера иако се уште се под просекот за април, покажуваат мерењата што ги направи Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок се Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип и Црн Дрим кај Ложани каде има благо намалување во однос на вчера и Пчиња каде нивото е исто со вчерашното на мерните места во Пелинце и Катлановска Бања.

Водостоите, пак, на природните езера во земјава се исти како вчера. Нивото на Дојранското Езеро е повисоко за речиси три метри во однос на повеќегодишниот просек, а кај Охридското и Преспанското е пониско од вообичаеното за овој период од годината

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе