Лоши временски прилики

Дождот не ги изненади во МНР, имаат подготвено кофи и, интервенираат...

Никој од вработените во Министерството за надворешни работи не е изненаден од кофата која собира крупни капки од дождот. Капе веќе неколку дена, зашто времето во Скопје е лошо, врне интензивно. Есенски дожд. Досаден, упорен... Капењето засега е стасано само до седмиот кат, а не оди кон подолните катови, зашто кофата е од новите, не е пукната. Покривот од зградата на МНР, како едно од поновите архитектонско - градежни зафати во центарот на Скопје, не успева кон олуците да ја излизга целата вода што паѓа од небото. А и кој се качил на покривот за да види зошто капе?

И не било сефте да „прокиснува“ во МНР. Знае да се случи, ама само во време на поројни дождови, или кога врне постојано, како овие денови. Инаку, покривот при ситен дожд (за роса и не станува збор), не пропушта вода, можеби само се влажнат плафоните. Но тоа не се претставува како поголем проблем, зашто кај да е, ќе се варосаат ѕидовите и плафоните.

Состојбите деновиве не се оценуваат како критични. Црвената кофа од седмиот кат редовно се празни. Водата се исфрла во еден од тоалетите кој за среќа не е затнат, како некои други по катовите.

А вработените, кои ситуацијата ја набљудуваат и плетат разни прикаски, велат дека хигиеничарките од „кризниот менаџмент“ дисциплинирано си ја вршат работата и, помеѓу другите обврски, не забораваат да ја испразнат кофата.

И има ли нешто чудно? Платата треба да се заработи. Со работа и лојалност. 

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе