УХМР

Дожд во цела Македонија, најмногу наврнал во Демир Капија, Скопје Петровец и Охрид

До осум часот утринава најмногу дожд наврнал во Демир Капија каде се измерени 59 литри на метар квадратен, како и во Скопје-Петровец – 54 литри и во Охрид 50 литри, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи во изминатите 24 часа.

По нив следат Пожаране со 41 литар, Прилеп со 37,  Битола и Штип со 33, Ѓуриште со 29, Тополчани и Крушево со 27, Крива Паланка со 26 литри.  Во Тетово и Претор наврнале по 25 литри воден талог на метар квадратен, 24 во Куманово, 22 Дебар, 15 Дојран, 11 Виница, 10 Гевгелија, 9 во Струмица и 4 во Берово.

УХМР за денеска најавува претежно облачно време со чести врнежи од дожд. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на денот, како и во текот на ноќта повторно се очекува да наврне поголема количина на воден талог, на места над 35 литри на метар квадратен. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 29 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а попладне и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Максималната температура ќе достигне 25 степени.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе