Дожд, северен ветер и пад на дневните температури

Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Повремено врнежите ќе бидат поројни и на места со ретки грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во северозападните и источните делови од државата.

Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините, врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник појава на снег ќе има и на некои пониски места. Ќе дува засилен северен ветер, локално и над 65 км/час, што ќе услови нагло намалување на дневните температури за седум до девет степени.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 5 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје, облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во околните повисоки предели врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Од вторник ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и со појава на локални слаби врнежи од дожд и снег. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината. Во вторник во текот на денот ќе дува засилен ветер од северозападен правец. 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе