Време

Дожд, грмежи, ветер и појава на град

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо, со сончеви периоди претпладне и нестабилно со пороен дожд и грмежи во пладневните часови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд (над 30 литри на квадратен метар), поинтензивни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Максималната температура ќе достигне од 23 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје претежно облачно, претпладне со сончеви периоди, а од пладне со зголемена нестабилност и појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 26 степени. Маврово 20, Охрид 24, Битола 27, Крива Паланка 26, Берово 25, Кавадарци 28, Дојран 29.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно, нестабилно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе