Нуркачки центар од Охрид

Документарен филм на Амфора за охридската пастрмка (ВИДЕО)

Охридската пастрмка претставува заштитен знак и синоним за ендемичноста на Охридското Езеро, но неконтролираниот лов ќе доведе до потполно исчезнување на истата. Целта на овој документарен филм е да се запознаеме со вековниот ритуал на охридската пастрмка, каде се мрести, како се однесува при мрест, кои се реакциите при контакт со нуркач, а со единствена порака за нејзина заштита од изумирање, велат од нуркачкиот центар Амфора од Охрид.

„Документарниот филм е сниман во текот од пет сезони во зима декември, јануари и февруари  во период кога охридската пастрмка доаѓа во плитки води да се мрести. Направени се повеќе од 50 часа снимен материјал и над 300 подводни фотографии.

Нуркањата беа изведени во екстремни и ноќни услови, на температура на вода од 6 до 7 Целзиусови степени, во присуство на планктони, струења, заматена и разбранета вода. За да се направи добар снимен материјал потребно е големо искуство во нуркање, стабилност при снимање, да се познаваат навиките на пастрмката и местата на кои се мрести.

Најчесто се снимаше на длабочина од 2 до 15 метри, но направивме и доста нуркања до 40 метри длабочина. Овој документарен филм имаше своја промоција во Охрид, но до сега не е објавен во медиум.

Во овие тешки времиња кога целиот свет и нашиот народ се соочува со големото зло ковид-19, сакаме да дадеме свој придонес и на нашите граѓани да им прикажеме интерсна приказна и да им го олесниме домашниот престој“, велат од нуркачкиот центар Амфора.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе