Дојавата за бомба во центарот на Скопје е лажна, МВР бара кој пријавил

„Ја известуваме јавноста дека МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна“, соопшти МВР во врска со пријавата за поставена бомба. Од таму велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на пријавителот или пријавителката. Пријавата за наводно поставена бомба ги крена на нозе и полицијата и граѓаните кои вечерва беа евакуирани од неколку згради во центарот на Скопје. 

„Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата“, велат од МВР. 

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе