До средината на неделата сончево време со благ пораст на температурата

До среда не очекува сончево време со благ пораст на температурата која ќе достигне до 23 степени. Од УХМР информираат дека во следните денови ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. До среда дневните температури ќе бидат во благ пораст, а потоа ќе имаат тенденција на опаѓање.

Утре утринската ќе биде од нула до девет степени, а дневната од 11 до 21 степен. Во понеделник најниската температура утринска во земјава ќе биде под нулата од минус два до седум степени, а дневната од 15 до 22 степени.

Во вторник утринската од 3 до 11 степени, дневната од 16 до 23 степени, во четврток минималната од 3 до 10, дневната од 14 до 20 степени и во петок утринската од 4 до 11 и дневната од 13 до 19 степени.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе