Време

До петок со температури над просекот за овој период, викендов заладување и дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб јужен, а во западните делови слаб до умерен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 31 Целзиусов степен.

Во Скопје претежно сончево, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Според најавите од УХМР, до петок времето ќе биде стабилно со позначаен пораст на температурата. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Во сабота ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во недела ќе дува силен северен ветер што ќе услови значително заладување. 

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе