Време

До петок облачно и врнежливо, сончев викенд

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни, а локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Дневната температура ќе се движи од 12 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд со максимална дневна температура од 19 степени. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 18 степени, Охрид 16, Битола 16, Кавадарци 21, Крива Паланка 17, Берово 15, Дојран 19 степени.  

До петок времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно, на места со обилни врнежи од дожд (50-70 л/м2 за целиот период). Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. За викендот времето ќе биде сончево и потопло.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе