Време

До недела стабилно и топло време, од понеделник дожд

И денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 8.

Дневните температури ќе бидат во Скопје и Кавадарци 37, Маврово 29, Охрид 32, Крива Паланка 33, Битола 34, Берово 31, Дојран 39.

Прогнозата за утре без промени - сончево со мала до умерена облачност, слаб умерен ветер и дневни температури од 28 до 38 степени.

До недела ќе се задржи стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе има во петок и сабота, а од недела попладне и во наредните денови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе