ДИЖС: Рудникот „Казандол“ во моментов не претставува опасност за животната средина

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), на 4 мај извршил надзор на локацијата на рудникот „Казандол", по претставка на граѓански организации од Валандово кои побараа да се утврди дали на локацијата има потенцијална опасност за животната средина и околните населби, имајќи предвид дека не е познато во каква состојба се отворените копови и цистерните за сулфурна киселина. Од увидот на терен е консттаирано дека на локацијата на која се наоѓаат објектите во состав на  „Казандол", во моментов нема опасност за животната средина, околните насади и здравјето на локалното население, соопштија денеска од ДИЖС.

Како што појаснуваат, Владата во 2018 година еднострано го раскина Договорот за концесија, заради неисполнување на условот од договорот од страна на концесионерот во рок од две години од добивање на концесијата да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар со капацитет да процесира најмалку 50 проценти од експлоатираната руда. Оттогаш нема активности на локацијата, а изградбата беше запрена. Објектите и опремата на локацијата се чуваат од страна на поранешниот концесионер. Покрај физичкото обезбедување, започната е стечајна постапка, која не може да продолжи бидејќи во тек е постапка за арбитража иницирана од страна на поранешниот концесионер кој побарува оштета од државата.

„На надзорот беше утврдено дека резервоарите за складирање сулфурна киселина се празни. Објектите и опремата се сè уште во добра состојба, освен што е откорната и оштетена покривната конструкција од производната хала. На отворено се чуваат заштитната фолија во ролни и вреќите со минерална подлога за заштита на подземните води, а се поставени на одлагалиштето на кое требаше да се врши лужење на руда со сулфурна киселина. Под одлагалиштата се лоцирани повеќе ископи за јаловишта и хавариско езеро. Првиот ископ е обложен со заштитна фолија и е исполнет со вода, а во езерцето има жив свет, додека останатите ископи не се исполнети со вода. На теренот – во објектите и надвор од нив, нема складирано хемикалии“, информираа од ДИЖС и додадоа дека од увидот на терен се констатирало дека на локацијата на која се наоѓаат објектите во состав на рудникот „Казандол" во моментов нема опасност за животната средина, околните насади и здравјето на локалното население. 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе