Диви свињи се симнуваат во Скопје, во Пржино се видени, предупредуваат од ЦУК

Граѓаните треба да бидат внимателни кога се на отворен простор во скопските населби кои се под Водно бидејќи диви свињи веќе се симнуваат и во градот, алармираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) од каде велат дека во населбата Пржино се видени овие животни. Дивата свиња се движи навечер, а преку ден одмара во густежите кои ги има на потегот од Водно, над Пржино, потоа Средно Водно сѐ до Нерези, а поминува и по 70 километри на ден, велат од ЦУК.

„Ако досега имало пријава само за контакт со диви свињи во високите шумски предели, сега тие се појавуваат и во Скопје, како што е случајот со населбата Пржино, но и во други населби блиски до шумските предели. Граѓаните треба да бидат особено внимателни при движење на локации во планинските пешачки зони на Водно. При евентуална средба со дивите свињи граѓаните треба да бидат смирени, да не ги напаѓаат животните за да не ги предизвикаат, зашто ќе го разбудат нивниот одбранбен механизам и можат да бидат нападнати“, изјави Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи.

Причината зошто дивите свињи се симнуваат кон градот, како што рече, е затоа што голем број овошки зреат како во планината, така и во населбите, па трагајќи по храна, дивечот се спушта и во населбите.

Тој упати апел до граѓаните кои шетаат кучиња да го избегнуваат особено работ на населбата Пржино, каде започнува шумата, бидејќи инстинктивната реакција  ниту на кучињата, ниту на дивите свињи не може да се предвиди„

„Во последниот неколкугодишен период е зголемен ризикот од појава на болеста африканска чума кај дивите свињи и тоа е плус да алармираме на нивниот зголемен број на Водно, бидејќи нема специјализирана институција за справување со ваква или слична појава“, рече Бојаровски.

Тој посочи дека ЦУК се обратил со барање за преземање законски надлежности и решенија до ЈП Паркови и зеленило Скопје, кое управува и стопанисува со Парк шумата Водно, Инспекторатот за шумаство и ловство, стручен орган за ловство, Агенцијата за храна и ветеринарство како координатор за справување со африканската шума, за која, како што потенцира, имаат инфромација дека дава награда од 250 денари за пријавена угината дива свиња, што значи дека ако граѓаните на овој потег забележат угината дива свиња тоа треба да го пријават.

„Министерствата за животна средина и просторно планирање, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за внатрешни работи и градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска би можеле со свои ресурси да се вклучат во справувањето со појавата, како на пример Зоолошката градина во Скопје, повеќе здруженија за заштита на животни и сл. Исто така информиран е и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, бидејќи Пржино е на подрачјето на таа општина. Дивата свиња се движи навечер, а преку ден одмара во густежите кои ги имаме на потегот од Водно, над Пржино, потоа Средно Водно сѐ до Нерези. Сѐ додека има вода и храна, дневно може да помине дури и по 70 километри и да се врати таму каде и е леглото. ЦУК преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е во постојна комуникација со граѓаните и сериозно ги третира дојавите за опаснот по животот и материјалните добра“, додаде Бојаровски.

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе