Дивата депонија кај Мрзенци ќе се претвори во место за одмор и рекреација

Јавното претпријатие „Комуналец" од Гевгелија денеска почна да работи на расчистување и средување на локацијата покрај регионалниот пат кон Негорци, во близина на селото Мрзенци, каде под мостот на Мрзенска река имаше дива депонија.

Расчистувањето е на иницијатива на општината,на која континуираното подобрување на квалитетот за живеење и зачувувањето на животната средина се меѓу главните приоритети.

„Локацијата ќе ја уредиме хортикултурно и ќе ја оплемениме со урбана опрема за да ја претвориме во место за одмор и рекреација, затоа што граѓаните имаат право на здрава животна средина, а локалната и централната власт се тие што обезбедуваат услови. Се надеваме дека по уредувањето на локацијата, граѓаните ќе продолжат да го чуваат и унапредуваат еко системот“, велат од Општина Гевгелија.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе