Инспекциски надзор во охридската болница

Дежурниот лекар не ја примил пациентката од Струга која почина од коронавирусот, иако имала упат

Во охридската општа болница сѐ уште трае инспекцискиот надзор откако не беше примена 66-годишната пациентка од Струга која потоа почина од коронавирус. Во текот на денешниот ден треба да биде готов целиот извештај, но она што досега го потврдиле инспекторите е дека има прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент.

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Иринка Сотирова денеска информираше дека сѐ уште се земаат изјави од сите оние кои работеле тој ден или следниот ден на Инфективната клиника во Охрид.

„Инспекцискиот надзор сѐ уште трае, но од досега добиените информации утврдено е прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент, се однесува на здравствен работник кој бил дежурен во времето кога пациентката е донесена на преглед. Точно е дека матичниот доктор има издадено упат. За сите други прашања ќе одговорам и ќе го информирам министерот во извештајот што ќе биде подготвен денеска затоа што сѐ уште се земаат изјави од сите оние кои работеле тој или следниот ден на Инфективната болница во Охрид“, изјави Сотирова на прес-конференцијата во Владата.

Таа додаде дека на Инфективното одделение во Охрид работат двајца специјалисти и двајца специјализанти и медицински персонал и оти одговорноста ќе се утврдува од страна на Дражвниот санитарен и здравствен инспекторат. Инфективното одделение, како што рече Сотирова, во овој момент функционира.

По обелденувањето на овој случај, министерот за здравство Венко Филипче викендов на прес-конференција најави разрешување на директорката на Охридската болница. Предмет отвори и Јавното обвинителство.  

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе