Според ЦУК

Десетина пожари беснеат надвор од контрола низ Македонија, најкритично во Кочани (ФОТО+ВИДЕО)

Центарот за управување со кризи информира дека во моментов низ целата земја активни се повеќе пожари разгорени поради топлото време, сувата вегетација и силниот променлив ветар во текот на средината на денот.

Фото: Твитер

На терен се противпожарните единици, вработените во системот за управување со кризи, армиски хеликоптери и граѓаните. Најкритично е во Кочанско каде што пожарот стигна до градот. Пожари има во Струмица, Штип, Куманово, Старо Нагоричане, Кратово…

Регионалниот центар за управување со кризи во Кочани известува за пожар во близина на селото Бели, кај месноста Сламерник. Пожарот постојано се разгорува поради силниот ветер и во моментот е надвор од контрола и претставува опасност за магацините на Макпетрол, кон Драчевик и Белско Маало. Според дојава на граѓани пожарот е стигнат до куќите. Противпожарните екипи на Кочани и Виница се на терен.

Во Кочани има уште еден активен пожар, предизвикан од паднат далекувод кај месноста Костин дол и тој за кратко време се проширил кон шумски предел и е вон контрола. Според РЦУК Кочани, за него се бара помош.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, објави дека противпожарните служби на градот ќе помогнат во гасењето на пожарот во Кочани.

„Во моментов 3 екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје (15 пожарникари и 3 возила) се упатуваат да им помогнат на граѓаните на Кочани и ќе им се стават на располагање на тамошните служби. Во текот на денешниот ден, скопските пожарникари гасеа 9 пожари во Скопје и Скопско, а 2 екипи беа на испомош во Старо Нагоричане“, информира Шилегов.

Во Струмица гореше шумата кај месноста Погана. Пожарот е ставен под контрола и во најголем дел е изгаснат.

Од Куманово ЦУК известува дека пожарот што се простира на тромеѓето помеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино сѐ е уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина. Во гаснењето на пожарот интервенираат пожарникари од Старо Нагоричане, Куманово, Ранковце и од Куманово, 3 лица од месното население. Од утрово во гаснењето на пожарот е вклучен и хеликоптер на АРМ. На теренот има ветер со променлив правец и пожарот се шири.

Пожари има во село Молотино-Степанци, кај Куманово има поголем шумски пожар, гори ниско стеблеста шума, црн бор и багрем на површина од 50 хаектари.

Хеликоптер на АРМ интервенира кај село Кокино, каде што изгореле неколку стари куќи.

И овој пожар е надвор од контрола.

Кај село Дренак изгорени се стари напуштени куќи, опожарена и една црква и училиштето.

Во општина Кратово има два активни пожари. Во село Живалево гори сува трева ниско стеблеста деградирана шума со површина од 10 хектари. Во село Татомир опожарена е околу 50 хектари дабова шума, нискостеблеста деградирана шума, сува трева и една штала но нема загуби во сточниот фонд.

Четири пожари се активни на територијата на општина Крива Паланка, во Мала Пешинце, Градски водовод, село Конопница и во село Варовиште. Првите три пожара се ликвидирани, а во село Варовиште е уште активен пожарот и е запалена сува трева, ниско стеблеста деградирана шума и дабова шума. Во Крива Паланка веќе се изгорени една куќа и една штала.

На 500 хектари во село Отошница, општина Ранковце, горат сува трева, дабова и борова шума. Има изгорена куќа, а пожарот се шири кон селата Пклиште и Герман. Активен е и пожар кај селото Белановце, Општина Липково. Горат сува трева и дабова шума. Гори и Ново Лисиче.
 

Гори и во атарот на струшкото село Делогожда, но пожарот е локализиран.

Пожарот во Битола кај село Ивањевци е под контрола и нема опасност од проширување.

Во општина Прилеп има интервенција на запалена сува трева во атарот на селото Ореовец. Има опасност пожарот да се прошири спрема селото. Пожарникари интервенираат и кај селото Топлица, каде што гори сува трева, и во атарот на селото Канатларци. Овој пожар се шири кон атарот на селото Добрушево.

Во Штип и Делчево има неколку помали пожари, каде што горат шуми со црн бор, јасика и бука на површина од околу 10 хектари. Пожарот кај Делчево е активен и сѐ уште не е под контрола.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе