Денот на Армијaта одбележан во касарните низ Македонија

Во пресрет на 18 Август – Денот на Армијата, припадниците на Министерството за одбрана и Генералштабот, како и во командите и единиците во касарните низ Републиката, со свечени церемонии се одбележа празникот на Армијата.

„Во изминатата година, во која ја извршувам должноста началник на генералштабот, заеднички со Вас и поддршка од Министерството за одбрана ги реализиравме сите планирани задачи“, рече Генералот Ѓурчиновски обраќајќи се на припадниците на Армијата.

Притоа најавуви дека во периодот кој претстои, ќе се продолжи со спроведување на започнатите реформски процеси со поинтензивно темпо, со што ќе ги исполниме очекувањата од државното раководство и граѓаните кои несебично ни ја даваат довербата.

На денешната свеченост во генералштабот и командите и единиците по повод Денот на Армијата се соопштија наредби за унапредувања и беа врачени плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на Армијата и организации кои допринеле за развојот на МО и Армијата.

Во командите и единиците на Армијата беа организирани и тактичко технички зборови на која поканетите гости имаа можност да се запознаат со дел од оружјето, опремата и средставата со кои располагаат единиците.

Во склоп на свеченоста делегации предводени од Министерката за одбрана, Началникот на генералштабот и претставници од семејствата на загинатите бранители положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите бранители пред Министерството за одбрана, а во касарните делегации положија свежо цвеќе пред бистите на Народните Херои чии имиња ги носат касарните.

Исто така, во текот на денот од страна на делегации од кабинетот на претседателот на Република Македонија, министерсвото за одбрана и генералштабот со воени почести се положија венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.

На свечениот собир на вработените Министерството за одбрана и Генералштабот присуствуваа: министерката за одбрана Радмила Шекеринска и началникот на генералштабот, генералот Ѓурчиновски, заменикот на министерот за одбрана Беким Максути, заменикот на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар Драган Николиќ, НАТО канцеларијата за врски во Скопје, воени аташеи акредитирани во Република Македонија и други гости.

Централната свеченост по повод Денот на Армијата ќе се реализира на 18 август во Центарот за Обука на вода во Охрид, на која ќе присуствува највисокиот воен и државен врв, а пред присутните ќе се обратат Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски и Министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе