Време

Денеска умерено облачно, утре на планините снег

Денеска времето ќе биде умерено до значително облачно, а попладне e можен повремен локален дожд. На планините во северозападните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Во ноќните часови снег ќе провејува и на некои повисоки места особено на северот. Попладне ќе дува слаб североисточен ветер.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 8 Целзиусови степени, Маврово 6, Охрид 8, Битола 10, Кавадарци, Берово и Крива Паланка  11, Дојран 15.

Во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник наутро на планините и понекаде на повисоките места во северните делови повремено ќе провејува снег. Под влијание на продор на студена воздушна маса од ноќта и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали.

МОН најавува реформи во образовниот систем. Се разбира, реформите ги чекаме со нетрпение, но во насока на суштински измени, а не избрзани одлуки, копирање туѓи идеи и нивно вадење од контекст неприменлив во нашата средина, како и повторно експериментирање со децата.

повеќе

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе