Во Скопје, променливо облачно, попладне облачноста ќе се зголеми. Во утринските часови со услови за магла во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 16 степени.
Преку ноќта кон понеделник во западните делови ќе започнат врнежи од дожд. Во понеделник преку денот врнежите ќе се прошират насекаде и во западните делови ќе бидат повремено поројни. Во планинските региони наместа ќе има појава на грмежи. Ќе дува умерен до силен јужен ветер (над 60 км/ч).
Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне и ќе бидат пообилни на западот (над 20 л/24часа). Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината, а утринските ќе бидат позитивни.