Време

Денеска сончево, утре облачно со слаб дожд

Сончево и потопло со мала до умерена облачност гласи временскта прогноза за денеска. Ќе дува слаб до умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 12 Целзиусови степени, Крива Паланка 8, Берово и Маврово 7, Охрид и Битола 10, Кавадарци 13, Дојран 14 степени.

Утре ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а на планините на запад со услови да провејува слаб снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат пониски од денешните: Скопје 6, Маврово 2, Охрид и Битола 7, Крива Паланка 6, Берово 4, Кавадарци 9, Дојран 11.

Од задутре повторно не очекува сончево време со дневни температури од 7 до 20 степени.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе