Време

Денеска сончево, утре и задутре со високи дневни температури

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.

Дневните температури ќе бидат во пораст: Скопје 8 Целзиусови степени, Крива Паланка 7, Маврово 4, Охрид 8, Битола 7, Кавадарци 8, Берово 6, Дојран 12...

Утре претпладне времето ќе биде умерено облачно со услови за појава на магла по котлините. Попладне и во текот на ноќта значително облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 4 во Маврово, 6 во Берово, Крива Паланка и Охрид, 7 во Битола до 9 во Скопје и Кавадарци и 13 во Гевгелија.

Прогнозата за недела е сончево со мала до умерена облачност. Во текот на ноќта кон понеделник со врнежи од дожд, на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер.Минималните температури ќе се движат од -2 до 5, а максималните од 7 до 14 степени.

Од понеделник ќе имаме повремени врнежи од дожд, на повисоките места ина планините снег, а услови за снег ќеима и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени.  

 

 

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе