Своевремено тој ќе изјави дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.
Огранизираше турнеи за Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена…
Неговата ќерка, новинарката Милица Џаровска напиша книга „Џаро – живот на коцка“ за возбудливиот живот на менаџерот Велибор Џаровски-Џаро, нејзиниот татко.
Книгата е преведена на македонски јазик во издание на издавачкиот центар „Три“. Напишана е уште пред шест години, но на српски јазик.