Време

Денеска сончево со локална облачност, од утре променливо и нестабилно време

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 20, а максималните ќе се движат од 29 до 35 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје ќе преовладува претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната до 32 степени. Маврово 25, Охрид 29, Битола и Крива Паланка 30, Берово 29, Кавадарци 33, Дојран 35. 

Од УХМР информираат дека во наредните денови не очекува променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи.

Во петок попладне претежно во јужните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Променливо облачно и нестабилно ќе биде и во сабота, кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со појава на град. Од недела следува период на стабилно и топло време. 

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе