Време

Денеска сончево и топло, викендов дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 26 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени. Маврово 26, Охрид, Крива Паланка и Берово 30,Битола 32, Кавадарци 34, Дојран 36.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека за време на викендот се очекува времето да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд (над 10 л за 3 часа), засилен ветер и појава на град. Локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од понеделник.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе